Утрински Весник
Свет

Лавров: Блискиот Исток е на работ на тотална војна

Lavrov.webp.webp

Блискиот исток е на работ на тотална војна, предупреди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и побара итен прекин на огнот во Појасот Газа.

„Невидената бруталност и уништување предизвикани од војната во Газа доведоа до силна ескалација на либанско-израелскиот конфликт. Блискиот исток е на работ на тотална војна“, рече тој на состанокот на Советот за безбедност во Њујорк во врска со ситуацијата во Газа.

Израелската армија синоќа соопшти дека извршила нови напади врз објектите на групата Хезболах во Либан, а претходно од воздух го гаѓала главниот воен штаб на вооруженото исламистичко движење во Бејрут.

Можете да прочитате

Украина изврши напад врз складиште за потрошено нуклеарно гориво

Иран во писмо до ОН ги нарече американските санкции „економски тероризам“

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина