Утрински Весник
Спорт

Лаутаро: Мечот со Мексико е како финале за Аргентина

Лаутаро: Мечот со Мексико е како финале за Аргентина

Напаѓачот на Интер и на аргентинската репрезентација, Лаутаро Мартинез, признава дека мечот од второто коло од мундијалот против Мексико ќе биде како финале по шокантниот 2:1 пораз од Саудиска Арабија. Ако не успеат да ги победат „ел три“, на Аргентинците им се заканува елиминација во групната фаза бидејќи се на последното место во групата Ц пред утрешниот меч.

dobivaj vesti na viber

„Тоа може да ја одреди нашата верба на ова Светско првенство. Поразот од Саудиска Арабија беше тежок удар на нашиот морал, но ние сме силна група, која е обдинета во целта. Мораме да останеме смирени, да се вратиме во игра и да мислиме на иднината. Пред нас е Мексико и мораме да одиме на победа. Мислам дека загубивме поради мали детали. Добро го проучивме противникот и сметаме дека сме подготвени“, вели Лаутаро.

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони, пак, ги отфрли шпекулациите дека Лионел Меси е неизвесен за настап поради повреда на глуждот и е сигурен дека ќе се вратат по шокантниот пораз.

„Кога си во нокдаун, стануваш и одиш понатаму и моите фудблери се способни да го направат тоа. Нема да го менуваме начинот на кој играме поради поразот од Саудиска Арабија. Можеме да направиме некоја промена во изборот на играчи, но не и во системот, тоа не доаѓа предвид“, објаснува Скалони.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ