Утрински Весник
Македонија

Лафчиски ќе учествува на 27. Конференција на началниците на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД- Јадранската повелба (А-5)

Lafchiski.webp.webp
Dik 300x250 mk

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска ќе престојува во тридневна работна посета во Тирана во Република Албанија.

Генералот Лафчиски во текот на утрешниот ден ќе учествува на 27. Конференција на началниците на Генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5).

САД-Јадранската повелба датира од 2003 година, со потпишување на договор, во која покрај САД како покровител, Република Северна Македонија, Албанија и Хрватска се обврзаа низ институционална рамка да ја развиваат регионалната соработка во областа на одбраната. Во текот на 2008 година, на иницијативата се приклучени и Босна и Херцеговина и Црна Гора, додека Словенија, Србија и Косово имаат статус на земји набљудувачи.

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат