Утрински Весник
Македонија

Ладна ноќ е пред нас – Можна е појава дури и на слаб мраз!

Screenshot 20250525 205405 gallery.jpg

Во текот на ноќта и утре (понеделник 26 мај) во утринските часови ќе биде ладно, со значително потпросечни температури на воздухот за крајот ма месец мај. На повеќе места облачноста ќе се намали, а повеќе облачност ќе се задржи во источните предели, каде ќе има услови за слаб дожд.

И во текот на ноќта повремено ќе засилува ветер од северен и од северозападен правец, најизразен во Повардарието.


Што се однесува до температурите, утре (понеделник 26 мај) ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 10 степени, а на планинските и високите места тие ќе бидат и за неколку степени под нулата. Можна е и појава на слаб мраз.

Во Скопје минималната температура до утре (понеделник 26 мај) наутро ќе се спушти до околу 6 степени.

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди