Утрински Весник
Македонија

Ладен бран од север, во Македонија ќе донесе врнежи и од дожд и од снег

Meteoalarm.mk 21.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

о петок претпладне 20-ти март 2026 во Македонија времето ќе биде претежно облачно со послаби локални врнежи кои во ниските места (градовите) ќе биде претежно од дожд а на повисоките места  и на планините врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на ладна воздушна маса од север. снежната граница повремено ќе се спушта до околу и под 1000 метри надморска височина со што послаби врнежи од дожд и од снег  или влажен снег ќе има  и во повисоките населени места.


Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде претежно облачно со повремени слаби локални врнежи од дожд а на околните планини повремено ќе провејува снег.

Ќе дува слаб до умерен а повремено и локално засилен ветер од источен и од североисточен а во петок на 20-ти март 2026 од северен правец.

Што се однесува до температурите тие позначително ќе се намалат  и наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 5 степени а преку денот таа ќе се искачува до околу 13/14 степени.

Можете да прочитате

Мицкоски ќе учествува на Конгресот на ЕПП

ОЈО го повлекло обвинението, запрена постапката против Лазар Нанев

Дали е време за намалување на бројот на пратеници во Собранието?