Утрински Весник
Македонија

„Ла Тераца“ е новиот концесионер на комплексот „Македонско село“

Makedonsko Selo Idealno Mesto Za Begstvo Od Gradot 229503.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По седум години неработење, комплексот „Македонско село“ добива нов концесионер, објави директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски. Во изјава за „360 степени“, Томовски вели дека за нов концесионер е избрана фирмата „Ла Тераца“, чија понуда била најповолна во вториот конкурс кој беше објавен од СОЗР.

Томовски вели дека согласно договорот, сè што ќе се инвестира ќе остане во сопственост на државата и дека на последниот конкурс се пријавиле две компании. Комплексот „Македонско село“, по седумгодишното неработење, би требало да биде отворен за јавноста од јуни годинава, а цената за месечна кирија изнесува околу 3 500 евра. Победникот на тендерот ќе достави банкарска гаранција, а доколку планира да инвестира во доградба на објектот ќе треба да достави барање до Владата.


Томовски претходно на Фејсбук напиша дека со оваа одлука се прави сериозен чекор кон враќање на животот во еден уникатен простор кој ќе биде отворен за сите граѓани.

Извор: 360 степени

Можете да прочитате

11 години затвор за моторџијата што прегази пешак на кејот на Вардар и побегна

Отворени граничните премини Евзони и Ники кон Грција

Алиу: До мај нов „смарт“ паркинг и катна гаража во Клиничкиот центар