Утрински Весник
Спорт

Лајпциг го постави Марко Розе за нов тренер

Лајпциг го постави Марко Розе за нов тренер

Нов тренер на германскиот бундеслигаш Лајпциг е Марко Розе (45). Германскиот стручњак ќе го наследи Доменико Тедеско, кој доби отказ по шокантниот пораз (1:4) на домашен терен во Лигата на шампионите од Шахтјор.

dobivaj vesti na viber

Тедеско со Лајпциг освои само пет бода во првите пет кола во Бундеслигата.

Розе минатата сезона беше тренер на Борусија Дортмунд. Тој е всушност од Лајпциг, а играчката и тренерска кариера ја започна во тој град, кога го водеше Локомотив Лајпциг од 2012 до 2013 година.

Марко Розе потоа влезе во системот на Ред Бул, четири години ги водеше помладите категории на Салцбург, а потоа две години и сениорскиот тим. Помина две сезони во Борусија Менхенгладбах, а потоа беше и тренер на Борусија Дортмунд. Тој потпиша договор со Лајпциг до 2024 година.

Можете да прочитате

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ