Руската техно изведувачка Нина Кравиц и словенечкиот бенд „Лајбах“ се најавени како главни изведувачи на годинешното издание на фестивалот „Скопје колинг“.
Менаџерот Бобан Милошоски се изненади од бројот на камери па се пошегува „Пет камери како да збориме за ново парламентарно мнозинство или за прифаќање на уставните промени, е посетен пресот, што е доказ дека луѓево се желни за убави работи“.
„Лајбах“ ќе го отворат „Скопје колинг“. Нивното барање било да настапат во темно, затоа што подготвуваат спектакл.
„„Лајбах“ ќе бидат први ќе настапат во 9 и 15, нивниот единствен услов беше да биде стемнето, бидејќи подготвуваат импресивно лајт и видео. За да може и вие што сакате од дома со столчиња да дојдете и да ги гледате. Адаптиран е редоследот, но нема да биде вака како што објавено. Адаптирано е според музичкиот концепт на фестивалот како да се загрева атмосферата до Нина Кравиц, пред неа ќе настапи некој како вовед“, изјави Бобан Милошевски од „Авалон продукција“.
Предвидено е на „Скопје колинг“ да настапат уште три регионални ѕвезди од поновиот бран: минатогодишната претставничка на Србија на Евровизија, Констракта, српската електро-поп група „Буч Кесиди“ и хрватите „Ниплпипл“.
Лајнапот на фестивалот ќе почнат да го објавуваат од вечерва. Авалон се изненадени од интересот на публиката.
„Ако земеме предвид фестивалот сепак е авангарден и не е ултра комерцијален како што е охридскиот, сме неверојатно позитивно изненадени од бројот на посетители кои ќе се појават во петок.
Секогаш се трудиме „Скопје колинг“ да биде пософистициран и да биде настроен кон мејнстрим генерацијата“, рече Бобан.
Авалон лани најавија голем стадионски спектакл. Бобан вели идејата сè уште стои, но сега повеќе сакаат да стават акцент на „Скопје колинг“ и „Охрид колинг“ кој оваа година првпат ќе трае пет дена.
„Лично одлучив оваа година да биде некоја транзициска година со што е можно помал број на концерти, да се фокусираме на ова во Скопје и посебно на „Охрид Колинг“ кој оваа година ќе трае пет дена. „Охрид колинг“ е на ниво на Европа и не е ништо помалку од Егзит. Наредната година ќе биде изборна година во Македонија, а ние сме таква држава во која за да се случи стадионски концерт мора државата и градот претежно да пружат одредена логистика во целата таа приказна. Јас не знам дали ние можеме 30 камиони да паркираме пред Градски стадион за таа опрема да се растури. Но нема да се откажам од идејата, ќе се случи“, вели Бобан.
Македонски артисти оваа година нема на „Скопје колинг“, но како што рече Милошоски тоа е затоа што од планирани две вечери за „Скопје колинг“ поради резервацијата на артистите морало да се одржи во една вечер.
„Беше замислено фестивалот да биде поделен во два дена, сите овие изведувачи букирани и требаше да има уште еден регионален изведувач и два – три македонски изведувачи. Се случи да не може тројца од изведувачите да се поделат во два дена, и кога одлучивме фестивалот да биде во еден ден, навистина немаше каде да сместат.
„Скопје колинг“ ќе се одржи на 7. Јули на стадионот АРМ во Градски парк. Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија.