Утрински Весник
Спорт

Л’Екип: ПСЖ ќе го отпушти Галтие

Лекип: ПСЖ ќе го отпушти Галтие
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

ПСЖ следната сезона нема да ја води Кристоф Галтие, објави „Л’Екип“. Епологот е очекуван бидејќи ПСЖ со Галтие доживеа фијаско во Лигата на шампионите. „Светците“ најпрвин не успеаја да го освојат првото место во групата, а потоа во осминафиналето беа елиминирани од Баерн Минхен.

dobivaj vesti na viber

„Л’Екип“, пишува дека деновиве клубот добро ќе размисли кого да донесе на местото на Галтие. Новиот тренер ќе траба да направи целосна реконструкција на тимот, во кој нема да бидат големите ѕведи Лионел Меси и Нејмар.

Првото име на списокот е актуелниот тренер на Рома, Жозе Мурињо. Португалецот со преселба во Париз би имал можност да се врати на најголемата сцена и повторно да се бори за титулата европски првак.

Конкуренти за работата во Париз се тренерот на Болоња, Тиаго Мота и Марсело Гаљардо, кој е без работа откако ја напушти Ривер Плата.

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја