Утрински Весник
Македонија

КЗК „удри“ по осигурителните компании: Добија казни од 17 милиони денари за картелско здружување!

Denari Pari.jpg

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата донесе решение со кое утврди постоење на усогласено однесување (картел) помеѓу десет осигурителни компании на пазарот на осигурување од автомобилска одговорност (АО), кое секој сопственик на моторно возило задолжително мора да го плати при регистрирање на возилото.

Од Комисијата информираат дека станува збор за Евроинс осигурување, Триглав осигурување, Македонинија Скопје – Виена Иншуренс, Сава осигурување, Еуролинк, Граце, Уника, Осигурителна полиса, Халк осигурување и Кроација осигурување.

„Во постапката беше утврдено дека осигурителните компании во периодот 01.03.2024 – 07.05.2024 година, разменувале чувствителни информации, координирале активности и во исклучително краток рок донеле идентични или меѓусебно усогласени одлуки за зголемување на делот на премијата за вршење дејност – т.н. режиски додаток.

Таквото однесување претставува ограничување на конкуренцијата „по своја цел“, односно најтешка форма на повреда согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата. Размената на информации и паралелното донесување на ценовни одлуки ја заменува независната деловна политика со координирано колективно дејствување на пазарот, што е строго забрането.

Врз основа на утврдените факти, Комисијата изрече прекршочни санкции – глоби во вкупен износ од 17.266.930 денари.

Комисијата останува посветена на заштита на фер пазарни услови, спречување на картели и обезбедување на конкурентна средина во интерес на потрошувачите и стопанството“, велат од таму.

Можете да прочитате

Малолетници претепале ученик во училиште во Дебар

ВМРО-ДПМНЕ ја бетонираше цензурата над Левица, реагираат од опозициската партија

Собранието ја констатираше оставката на уставната судијка Дабовиќ-Анастасовска