Утрински Весник
Македонија

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да се охрабрат и да го поддржат Законот за бранители

Bogdanka Kuzeska Sdsm Scaled 1.jpeg

-ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ треба да се охрабрат и да го поддржат Законот за бранителите, затоа што со овој закон се излегува во пресрет на реалните потреби на преживеаните, на бранителите со инвалидитет и на семејствата кои ги загубиле најблиските, рече денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

-Ако Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ дава недвосмислена поддршка за Законот бранителите, има можност тоа да го докаже. Прво да не коленичи туку да му се јави на Гаши да го почитува Деловникот на Собранието и да го стави Законот на комисиска расправа. Потоа да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да гласат во македонското Собрание. Законот може да се донесе ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласаат ЗА. Во спротивно ќе погазат уште ветување и ќе ги извисат бранителите, рече Кузеска во одговор на новинарско прашање.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат