Утрински Весник
Македонија

Кузеска: “Картел при јавни набавки“, нов скандал со фирми поврзани со Сања Божиновска

Bogdanka Press Image 2024 08 13.jpeg

Интегрален текст од прес-конференција на Богданка Кузеска од СДСМ:

Енергетски картел при јавни набавки е нов скандал со фирми кои се поврзуваат со Сања Божиновска.

Деталите ги објави еден релевантен медиум во земјава и покажуваат дека фирмите во кои била дел и  Божиновска имале пријави од македонските институции за незаконско работење и малеврзации.

Во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ, Комисијата за заштита на конкуренцијата повела постапка за забранет договор – картел при јавни набавки и донела решение за казни.

Фирми кои дел се поврзуваат и со Божиновска, формирале енергетски картел.  Со намера да ја диктираат цената на увозот на струја на тендерот на ЕЛЕМ спроведен во 2012 година и да профитираат.

И внимавајте, не се случило тоа еднаш, 11 пати биле прекршувањата, 11 пати! Па дали е ова нормално, секако дека не е! 

За дел од овие фирми кои склучиле картел и Царинската управа открила затајување данок во износ од 1,8 милиони евра.

Ова е вморвска шема во енергетиката како во мафијашки филм. Со картели. Само наместо фавели има бел дворец.

Уште не е затворен скандалот со долгот на Божиновска гледаме дека има нов со картели и малверзации.

Молчи Мицкоски, молчи Божиновска за долгот од 1 милион евра кон државната МЕПСО.

Кој картел ги сврте 1 милион евра пари на граѓаните?

Ова ли се тие менаџерски способности за што Мицкоски ја постави Божиновска за прв човек во енергетиката?

СДСМ се сомнева дека преку слични шеми се планираат малверзации и заработки од страна на Мицкоски и Божиновска и дека токму ова е причината за создавање на новото министерство.

Токму ова ново министерство со кое управува сега Божиновска се посочува како можен извор на корупција од страна на Институт кој со години ги следи овие области.

Зошто Божиновска е министерка мора да одговори Мицкоски, овде нема случајности.

Можете да прочитате

Стојаноски: СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите кои сега се прибираат во државната каса

До четврток сончево и многу топло, потоа промена на времето

Кучиња скитници низ Скопје – повеќе граѓани искасани вчера