Утрински Весник
Македонија

Кузеска: Ако СДСМ прислушувала, декласифицирајте

Presbogdankakuzeska.jpeg

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која самите се ставија, откако се заиграа со измислени шпионски афери за да дефокусираат од сопствената неспособност. Случајот со АНБ која сакаа да го претстават како афера очигледно со месеци го спремале за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, но им пукна како бомба во раката, нагласи на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, која ја пренесуваме интегрално.

Им порачуваме јасно и гласно: Декласифицирајте!


Не чекајте ништо, не одолговлекувајте, не бегајте. Нека видат граѓаните дали бил вистински следен премиерот, кој бил следен, со кого комуницирал тој.

Бидете еднаш во вашето 30-годишно постоење храбри и чесни, барем тоа му го должите на овој народ. Па сите кои злоупотребиле – нека одговараат.

Од што се плашите?

Дали се плашите дека содржината на овие документи ќе ја разоткрие вистината – врските на премиерот со странски служби од непријателски држави?

Дали е точно дека оперативната обработка која ја воделе АР и АНБ, а која власта упорно одбива да ја декласифицира, се однесува на откривање руски агентурни мрежи, екстремизам и финансирање на дестабилизација на државата?

Дали е точно дека Мицкоски, иако не бил цел на следење, влетал во комуникација со лица кои работат на дестабилизација на Македонија, финансирани со странски пари?

И најважното: дали дел од тие финансии завршиле лично кај Христијан Мицкоски или во сефовите на Белата Палата?

Затоа сега имате шанса – декласифицирајте! Тоа можете да го направите за еден ден, согласно закон. Секако, ако не се плашите.

Неспособноста со која ја водите државата ве бутка секој ден во сѐ поголеми лаги, во сѐ поголеми измислени крими-скандали, жолти комбиња, дронови што го следат премиерот, дестабилизации.

Цели 15 месеци не видовме разрешница на ниедно од овие сценарија. Вашите криминални романи никогаш немаат крај.

Ова е чесна понуда од СДСМ – ние немаме од што да се плашиме. Прашањето е: од што се плаши власта и Мицкоски?

Можете да прочитате

Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“, увидот не е почнат, траат активностите за обезбедување на локацијата

Пожар над селото Раштак, во гаснењето вклучени два ер трактора и полициски хеликоптер

8 Септември 1991 година – Настан и слики што остануваат вечно во меморијата и историјата