Утрински Весник
Македонија

Кутиров ќе гради кариера на меѓународен план – ексдиректорката на Царина ја образложи оставката

Кутиров ќе гради кариера на меѓународен план – ексдиректорката на Царина ја образложи оставката
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Веќе поранешната директорка на Царинската управа, Славица Кутиров ги образложи причините поради кои се повлекла од челната позиција.

dobivaj vesti na viber

Вели дека планира развој на нејзината професионална кариера на меѓународен план.

„На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја прифати мојата оставка од функцијата директор на Царинската управа, поднесена од лични причини, а со цел понатамошен развој на мојата професионална кариера на меѓународен план. Сакам да се заблагодарам на Владата и на премиерот Димитар Ковачевски за безрезервната поддршка во изминатите две години, што придонесе Царинската управа да прерасне во една од водечките професионални и технолошки напредни институции во државата“, вели Кутиров.

На новиот директор, Стефан Богоев, му го честита назначувањето на функцијата и му посакува успешна работа и уште подобри резултати.

Ексградоначалникот на Карпош од СДСМ, Стефан Богоев за „Макфакс“ посочи: „Бев консултиран и прифатив“. Со ова, по година и половина без функција, тој седнува на директорско столче.

Можете да прочитате

Миноски: Македонија заробена во економија на страв, уцени и корупција

СДСМ: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е неуставна

Магла на два патни правци, еден регионален пат ќе биде блокиран од 10 часот