Македонскиот прволигаш Шкупи го доведе повремениот македонски репрезентативец Кристијан Тошевски. Тој потпиша едногодишен договор, со опција за продолжување за уште една дополнителна сезона.
Тој има девет настапи за А репрезентацијата на Македонија и сигурно ќе биде големо засилување за составот на Шкупи.
„Драго ми е што се враќам во домашното првенство и ќе играм за Шкупи. Се надевам дека ќе ги оствариме високите цели на нашиот сопственик, а тоа е да ја вратиме титулата на Чаир и да влеземе во групите од Конференциската лига“, изјави Тошевски по потписот на договорот.
Тошевски ја почна кариерата во Тетекс, потоа се пресели во Пелистер, а неколку сезони играше о за Вардар, пред да се пресели во албанскиот клуб Тирана.