Утрински Весник
Свет

Курти: Србија ја водат Православната црква и Путиновата Русија

Курти: Србија ја водат Православната црква и Путиновата Русија

Косовскиот премиер Албин Курти оцени дека мирот и безбедноста во Европа ги оспорува не само Србија, туку и Русија, со која иако немаат заеднички граници, „имаат заеднички цели бидејќи на земјите гледаат преку етнички леќи затоа што не веруваат во вредноста на демократијата“.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека Косово е подготвено да ѝ подаде рака на Србија и да создаде добрососедски односи, но „изрази сомневање дека Србија може да го стори тоа“, пренесува „Коха.нет“.

Курти оцени дека и по 11 години, односите со Србија не се ништо подобри пред една деценија и дека за тоа има причина.

„Србија не успеа во својата демократизација и бара повеќе конфликт отколку соработка и продолжува да ги велича воените злосторници наместо да ги осудува и казнува. Се плашам дека Србија не е ниту демократска ниту независна. Тоа е режим предводен од Православната црква и доминиран од Путиновата Русија“, рече Курти.

„Она што не го нудиме се отстапки за поделба на нашата земја по етнички линии, но ако Србија не е подготвена да нѐ признае, петте европски земји не треба да чекаат, тие може да ѝ помогнат на Србија побргу да нѝ признае“, рече Курти.

Можете да прочитате

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега