Утрински Весник
Балкан

Курти: Не можеме да ја игнорираме заканата од нова војна во регион

0 Albin Kurti 4422 1 Of 18 3.jpg

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Србија ја интензивира соработката со Русија, Кина и Иран, предупредувајќи дека поради тоа постои реална опасност од „нова војна во регионот“. На конференцијата за одбрана во Лондон, Курти рече дека усогласувањето на Србија со Русија, „деструктивниот пристап“ кон Косово и огромното вооружување се „показатели дека Србија се стреми кон ескалација со намера да ги оствари своите територијални амбиции“. Косовскиот премиер посочи дека во време кога Европа доживува војна, мислејќи на војната во Украина, „не можеме да ја игнорираме заканата од нова војна во регион кој многу добро знае што значи тоа“. -Три од четирите бригади на здружената српска армија, вклучително и 48 напредни бази околу границата со Косово, без други специјализирани единици, се стационирани на југот на територијата, во близина на границата со Косово. Заканата не е само теоретска. Ризикот од нова војна е реален, рече тој.

Можете да прочитате

По Македонија и БиХ и Грција ја стресе земјотрес

Попладнево земјотрес и во Босна и Херцеговина

Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени