Утрински Весник
Балкан

Курти: Има уапсени лица и материјални докази поврзани со нападот на водоводниот канал во Зубин Поток, северно Косово

20241130133304 Big 730x400 76.webp.webp

Косовскиот премиер, Албин Курти, кој денеска го посети местото каде што синоќа се случи нападот со експлозив врз водоводниот канал Ибар-Лепенец, информира дека полицијата извршила рација и дека има уапсени лица и материјални докази, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи се пред новинарите во селото Варага кај Зубин Поток, Курти порача дека „сите криминалци и терористи кои го предизвикаа нападот ќе се соочат со косовските закони“.

Курти информира и дека е постигнато делумно санирање на оштетувањата на каналот.

– Успеавме до некаде да ја санираме штетата. Некаде сме на нешто повеќе од една четвртина од водните текови на каналот, кој исто така ги лади електраните и снабдува со вода. Полицијата води истраги, има рации и апсења, како и материјални докази и сите овие криминалци и терористи ќе се соочат со правдата и со законите на демократска Република Косово, рече косовскиот премиер.

Можете да прочитате

Бесермењи: Идентитетот и мотивите на лицата што влегоа во „Информер“ остануваат нејасни

Поднесени кривични пријави против повеќе амбасадори, Обвинителството во Србија отвори предмети за гласањето во странство

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија