Утрински Весник
Македонија

Кумановски пожарникари на обука во Австрија

Pozarna Pozarnikari.jpg

Тројца пожарникари од ТППЕ Куманово и двајца волонтери од с. Пчиња престојуваа во Серфаус и Оберхофен во покраината Тирол, Австрија. Од општина Куманово потенцираа дека целта била детална обука за функционирање на возилата.

– На обуката, тие се запознаа и со противпожарниот систем на Австрија, стекнувајќи се со ново знаење од големо значење за зајакнување на капацитетите и функционирањето на ТППЕ Куманово – појаснуваат од Општината.

Општина Куманово ќе добие две противпожарни возила, од кои едното ќе се користи за потребите на ТППЕ Куманово, а другото ќе го користи доброволното противпожарно друштво.

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа