Утрински Весник
Македонија

Кумановската болница позајмува возила за да третира пациенти, откако последното им се преврте при сообраќајка во Скопје

Кумановската болница позајмува возила за да третира пациенти, откако последното им се преврте при сообраќајка во Скопје

Кумановската болница има вкупно три возила за транспорт на пациенти при итни случаи. Две се на поправка, едно се преврте среде Скопје при сообраќајка. Сега, ќе се позајмува од Здравствениот дом Липково. Ова е со цел, пациентите од североистокот да не останат без возило за итни случаи.

dobivaj vesti na viber

Не се знае кога дали и кога ќе бидат поправени двете возила, но и кога ќе се стави во употреба возилото кое вчера се преврте при сообраќајна несреќа. Превоз на пациент од Куманово до Скопје имало и денеска, овој пат со позајменото возило.

Со возила за брза помош, курбурат сите Итни медицински служби. Во време на коронавирусот, најалармантно беше во Струмица. Тамошниот директор јавно бараше помош, па возило беше донирано од експремиерот Зоран Заев.

Инаку, вчеравечер, возилото на Брза помош се преврте кај „ЕУ инфо центарот“.

Можете да прочитате

Ладен бран од север: Во вторник обилни врнежи кои ќе преминуваат во снег

Речиси 12.000 Македонци работеле во Хрватска лани, најмногу во туризмот и градежништвото

Седница на партиското Собрание на Алијанса за Албанците