
Лишен од слобода возач од Куманово, управувал возило со 3,08 промили алкохол во крвта.
Денеска (28.02.2026) во 15:30 часот на локалниот пат Куманово- с.Речица, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, го лишија од слобода Б.Ц. (64) од Куманово.
При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло” со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ц. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управувал моторно возило со 3,08 промили алкохол во крвта. Б.Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Лишен од слобода возач од Велес, возел со 1,99 промили алкохол во крвта и активна забрана за управување возило
На 28.02.2026 во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Т.А(54) од Велес. Имено, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „ланчиа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Т.А. и по преземени мерки и извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 1,99 промили алкохол во крвта и дека имал активна забрана за управување возило. Лицето од страна на полициските службеници е лишено од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

