Утрински Весник
Спорт

Куман: Лапорта ме излажа дека Барса ќе потпише договор со Меси

Куман: Лапорта ме излажа дека Барса ќе потпише договор со Меси

Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман, призна дека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го напуштил каталонскиот клуб на неславен начин во 2021 година, пренесуваат шпанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Меси ја напушти Барселона во 2021 година поради тешката финансиска ситуација во која се најде каталонскиот клуб. Куман раководеше со Барселона од август 2020 до ноември 2021 година, а холандскиот стручњак беше отпуштен по серијата лоши резултати.

„Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта ме лажеше. Ми кажа дека ќе биде потпишан нов договор со Меси, а Аргентинецот го напушти клубот следниот ден. Тој човек не заслужи замине на таков начин. Многу работи беа против мене. Проблемот е кога претседателот се сомнева во вас. Меѓутоа, ако ми се укаже можност да се вратам, ќе го направам тоа. Ја сакам Барселона“, изјави Куман за „Релево“.

Холанѓанецот истакна дека направил многу добри работи за Барселона.

„Морам да бидам искрен и да кажам дека една година игравме без публика. Не очекував дека Меси и Антоан Гризман ќе си заминат. Поминав низ многу работи, никогаш не верував дека може да се случат одредени работи, но сето тоа е дел од животот и мораме да го прифатиме. Морав да одговорам на многу прашања, а тоа не беше моја работа. Верувам дека заслужив поголема поддршка од клубот. Отказите на тренерите се составен дел од фудбалот, а на клубот му донесов многу од техничка страна“, изјави Куман.

Холандскиот тренер ја предводеше Барселона на 67 натпревари, а со каталонскиот клуб оствари 39 победи, 12 нерешени и 16 порази.

Можете да прочитате

Вембањама подели 10 „банани“ и стигна до 200. тројка во НБА побрзо од Кари

Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија

Огромна сума заработија Усик и Фјури