Утрински Весник
Свет

Кулеба за одлуката на Меѓународниот кривичен суд: Тркалата на правдата се вртат

Кулеба: На 17 адреси на украинските амбасади се испратени бомби и делови од животни
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека „тркалата на правдата се вртат“, во врска со одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на рускиот претседател Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за воените злосторства извршени во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Аплауз за МКС“, напиша Кулеба на Твитер, објави Гардијан.

Шефот на украинската дипломатија, вели дека државите кои ја малтретирале Украина ќе одговараат кога војната ќе заврши.  Според него, Киев ќе ги земе предвид одлуките на секоја земја од почетокот на инвазијата на Русија при донесувањето на идните одлуки, пишува Би-Би-Си.

Кулеба предупредил и дека одложувањето на испораката на оружје од Запад „ги чини Украинците животи“ и дека „кога една испорака се одложува за само еден ден, тоа значи дека некој ќе го загуби животот на фронтот“.

 

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична