Утрински Весник
Свет

Кулеба за „крвавите пакети“ во украинските амбасади: Сите се испратени од една адреса

Кулеба за „крвавите пакети“ во украинските амбасади: Сите се испратени од една адреса

Министерот за надворешни работи на Украина, Димитро Кулеба рече дека сомнителни пакети кои пристигнуваат на адресите на украинските амбасади во Европа се испратени од адресата на автомобилската компанија „Тесла“ во Германија. Тој на Фејсбук наведе и дека сторителите најчесто ги испраќале од пошти каде што нема видео надзор.

dobivaj vesti na viber

Вакви пакети добија 31 украинска мисија во 15 земји, во кампања на терор против украинските дипломати, напиша Кулеба на социјалната мрежа.

„Сите пликови имаат иста адреса на испраќачот: салон за автомобили Тесла во германскиот град Синделфинген. Вообичаено, пратката одела од пошти кои не биле опремени со системи за видео надзор“, напиша Кулеба и додаде дека „криминалците презеле мерки да не остават траги од нивната ДНК на пакетите“.

„Тој детал особено укажува на професионалното ниво на имплементација“, напиша шефот на украинската дипломатија.

Засега нема коментари од Берлин, ниту од раководството на компанијата за електрични автомобили.

Минатата недела Украина објави дека „крвави пакети“ со животински очи биле испратени до неколку нејзини амбасади во Европа.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена