Утрински Весник
Свет

Кубраков: Украина нема да ја затвори границата со Полска

Download 21.jpg

Украинскиот вицепремиер Олександр Кубраков денеска најави дека Украина нема да ја затвори границата со Полска, откако полскиот премиер Доналд Туск изјави дека официјална Варшава размислува за привремено затворање на заедничката граница и прекинување на билатералната трговија.

Никој од украинската страна не размислува за ова. Нашиот народ се бори за егзистенција во војната против рускиот агресор. За нас стабилна граница е прашање на опстанок“, напиша Кубраков на социјалната мрежа Х.

Тој изјави дека Украина има голема почит кон „пријателската Полска“.

„Ние понудивме конструктивни решенија и презедовме чекори за намалување на тензиите на границата. Очекуваме соодветни одлуки од полската влада за да се осигура дека ситуацијата нема да западне во ќорсокак“, напиша Кубраков.

Полскиот премиер Туск претходно изјави дека е подготвен да донесе „тешки одлуки“ кога станува збор за границата со Украина.

„Секогаш се консултирам со Киев за да се избегнат непотребните тензии, но мораме да најдеме долгорочно решение“, рече Туск.

Полска, Унгарија и Словачка минатата година го забранија увозот на евтино украинско жито за да го заштитат сопственото земјоделство.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk