Утрински Весник
Магазин

Куба разви лек против меланом

Kuba 2.webp.webp

Кубанскиот Центар за молекуларна имунологија (ЦИМ) објави дека научниците го развиле лекот „2Ц12“, и тој веќе е подготвен за клинички испитувања кај луѓе со напреднат рак на кожата, т.е. меланом. Се нагласува дека и покрај тешкотиите и енергетско-економски услови што произлегуваат од „американската блокада“, медицинско-научниот напредок е постигнат, објавија кубанските државни медиуми.

„’2Ц12′ е нова надеж во борбата против ракот. Неговата функција е да му помогне на природниот одбранбен механизам на човековото тело поделотворно да ги препознава и да се бори против клетките на ракот“, објави ЦИМ на својот интернет-простор.

Станува збор за лек со својства слични на „Пембролизумаб“ – еден од третманите што се користат на меѓународно ниво за стимулирање на одговорот на имунолошкиот систем против туморните клетки. Во соопштението на ЦИМ се вели дека тој лек не е достапен во Куба поради неговата висока цена и блокадата на САД. Според податоците, првото клиничко истражување со „2Ц12“ во Куба ќе се спроведе во болници во Хавана, во Националниот институт за онкологија и радиобиологија, во Клиничката хируршка болница „Ерманос Амеихеирас“ и во Универзитетската онколошка болница „Селестино Хернандез“ во покраината Вила Клара.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 29 ноември: Биковите бараат мир, Водолиите добиваат инспирација

Родителите често ги прават овие пет грешки без да сфатат дека им нанесуваат штета на своите деца

Шест правила за долг брак што не излегуваат од мода