Утрински Весник
Македонија

Кујтим Ибиши на чело на дирекцијата за финансиско разузнавање, „Вреди“ најавува бескомпромисна борба против корупцијата

Img 2127 1068x600 1.jpeg

Борбата против корупцијата ќе биде бескомпромисна, велат од коалицијата „Вреди“ (Влен), објавувајќи дека за првпат во историјата на нашата земја, клучна институција за борба против корупцијата, Дирекцијата за финансиско разузнавање, ќе биде водена од албански кадар.

Кујтим Ибиши, кој ќе застане на чело на оваа институција, „Вреди“ го опишува како човек со чиста биографија и без никаква корупциска дамка, уверена дека ќе се бори против корупцијата, перењето пари и други криминални активности.

Коалицијата „Вреди“ додава дека оваа одговорност ја презела со решителност и посветеност. Преку Дирекцијата за финансиско разузнавање, коалицискиот блок најавува интензивна реализација на нејзиниот програмски столб: борбата против криминалот и корупцијата.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје