Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Крводарителска акција во Домот на Армијата

Tradicionalna Krvodaritelska Akci A 1.png
Dik 300x250 mk

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ денеска по 22-ви пат ќе   организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ во Скопје од 9 до 17 часот.

Како што соопшти Црвениот крст, целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини крв во летниот период поради можноста од недостиг од крв и крвни деривати.

-Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003 година, денеска, по 21 реализирана акција, се зборува за вкупен број од 4509 единици крв или во просек 214 крводарители по акција, информира Црвениот крст. 

Можете да прочитате

Мециновиќ: Имавме позитивна кампања – очекуваме влез во втор круг за Град Скопје

Вечерва во Карпош завршен митинг на Коалицијата „Искуство за успех“ предводена од ЛДП

Бујар Османи: Историски избори се пред нас, 19-ти октомври е референдум за иднината на Чаир