Утрински Весник
Македонија

Крстевски поднесе кривични против угостители што работат не законски – Нема да дозволам да ни се случи „Пулс“ 2

Venkokrtevski.jpg

Во Кочани и по трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“ се уште има угостители кои работат незаконски.

В.д. градоначалникот Венко Крстевски, денеска им поднесе кривични пријави на сопствениците поради узурпација на јавен простор и бесправна градба.


Тој пред Основното јавно обвинителство каде ги поднесе кривичните меѓудругото изјави дека “не смееме да замижиме по несреќата во „Пулс“

Ова е најтешкиот период за Кочани и јас нема да дозволам да ни се случи Пулс 2, рече тој.

Крстевски информираше и дека Општина Кочани веќе започнала постапка за отстранување на угостителски објекти изградени на јавна површина во Трговскиот центар во градот и дека е издаден налог до општинската инспекторка за животна средина да ги провери сите елаборати на угостителските објекти.

Можете да прочитате

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Минчев од седиштето на ReSPA: Регионалната соработка е двигател на европските реформи