Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Крстевски: МЗТ Скопје со помош на фановите може до победа над ФМП

Крстевски: МЗТ Скопје со помош на фановите може до победа над ФМП
300x250 opst2

МЗТ Скопје Аеродром вечерва (18 часот) го пречекува српскиот тим ФМП во 20.коло од АБА лигата. Тоа е една од клучните пресметки на аеродромци во обидот да се изборат за опстанок во елитното друштво од регионот.

dobivaj vesti na viber

На седум кола пред крајот на регуларниот дел од натпреварувањето „сино-белите“ едноставно веќе немаат право на грешка и ќе ја бараат четвртата победа во АБА.
Бојан Крстевски верува дека со помош на фановите МЗТ Скопје Аеродром може да стигне до триумф.

„Пред нас е искучително важен натпревар во борбата за опстанок, во кој треба да го дадеме најдоброто од нас. Играме пред нашите верни навивачи кои верувам ќе бидат во голем број на трибините од каде ќе ни ја дадат потребната поддршка. Наша примарна цел е да ја искористиме предноста на домашен терен и на крајот да се радуваме на победа, кој ќе ни биде од голема помош за останатиот дел од сезоната во АБА“, вели Крстевски.

МЗТ Скопје беше блиску до победа против ФМП и во првиот меѓусебен натпревар одигран во Железник, но тогаш во неизвесната завршница сепак домаќинот стигна до триумф (101:97).

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН