Утрински Весник
Магазин

Крофнички од тиква – 24info.mk

20251124124446 big 730x400 33.webp.webp

Толку меки со боја на дукат

Состојки:

  • 450 грама излупена тиква (печена)
  • 250 мл млеко
  • 450 грама брашно
  • 20 грама квасец
  • 2 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 50 грама суво грозје (потопете го во малку рум )
  • шеќер во прав за посипување
  • цимет

Подготовка:

Изгмечете го квасецот со прстофат шеќер и една лажичка брашно во малку млеко и оставете го да нарасне. Ставете го брашното во сад и додадете го квасецот, остатокот од млекото, шеќерот, малку сол, тиквата и сувото грозје. Месете го тестото со миксер, матејќи го малку за да се направат меурчиња. Оставете го тестото да отстои најмалку 1 час.Пржете ги во врело масло. Извадете ги на кујнска хартија за да го впијат вишокот маснотии, по желба наросете ги со шеќер во прав и цимет.

Можете да прочитате

Лидл Северна Македонија прогласен за лидер во безбедноста при работа во домашниот услужен сектор

Дневен хороскоп за 28 април 2026 година

Славната пејачка ја подготвува „венчавката на годината“