Утрински Весник
Македонија

Крмов за законите за автопатите: Ако бидат донесени во Собрание, тоа ќе биде бидејќи ВМРО-ДПМНЕ сака да се донесат

Крмов за законите за автопатите: Ако бидат донесени во Собрание, тоа ќе биде бидејќи ВМРО-ДПМНЕ сака да се донесат

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, тврди дека донесувањето на законите за изградба на автопатите за кои опозицијата има критики може да се спречи. Според него, законите треба да се разгледаат на четири комисии, од кои со три раководи ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече: „Ако нешто помине, тоа ќе помине затоа што најголемата опозициска партија сака да помине. Ние со два пратеника ќе дадеме се од себе ова да го спречиме со сите расположливи средства кои ги имаме“.

dobivaj vesti na viber

„Сите други комисии можат да се сопрат. Останати други комисии се четири, од кои три ги раководи опозицијата. Да не ја лажат јавноста дека не може да се спречи“, рече Крмов.

Објасни дека изведувачот ‘Бектел и Енка’ ќе има низа привилегии со измена на законите.

„Тие закони, иако беа предложени од пратеници – не се сомневаме дека се од Владата. Не беа ставени на увид, а Деловникот беше прекршен, не добивме 10 дена, туку максимум пет дена за материјалите и два дена за седницата. И само на кратко со тие првично 9 сега 8 законски решенија – што всушност се носи… Конзорциумот ‘Бектел и Енка’ кој е изведувач ќе биде ословоден од ДДВ, ќе биде ослободен од увоз, акцизата за енергенси ќе му се враќа, експропријација на земјиште кога ќе се прави некма да се чека конечна одлука, додека македонските граѓани се тужат со државата или конзорциумот, ќе се фрла бетон или асфалт на нивната земја. Одобрувањето на градежен проект се скратуваат – без проект ќе може да се гради. Полесна пренамена на земјоделско земјиште, ќе се сечат шуми, работа во недела – ова од законот за работни односи и зголемување на осумчасовното работно време иако во државата имаме 40 часовно работно време. Влегуваме во вид на корпоративен феудализам – каде за корпорациите не важат закони, туку законите ќе важат само за обичните смртници“, рече Крмов.

Можете да прочитате

Левица поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на ДКСК

Луксузни патувања, хотели и услуги- Ване Цветанов на удар на Обвинителството за корупција

Трагедија: Македонец загина во сообраќајка во Грција