Утрински Весник
Македонија

Кривична против скопјанец, во Италија приложил фалсификувана возачка дозвола

Без положен возачки испит на скопјанец му дозволиле да се фотографира за дозвола – кривична за вработен во МВР

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 38-годишниот М.А. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Пријавениот набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување на моторни возила од А и Б категорија со негови лични податоци и таквата возачка дозвола во текот на 2022 година ја приложил како вистинита заради замена кај надлежните институции на Италија, соопшти МВР.

Можете да прочитате

РСБСП: Безбедноста на децата во сообраќајот е заедничка одговорност

Воскреснување без докажана штета: Вишото ЈО повторно го отвори „Мазут“

Филипче од Кочанско: СДСМ ќе предложи законски решенија за помош на оризопроизводителите