Утрински Весник
Македонија

Кривична против 29-годишник од Свети Николе, кај него пронајдени 25 куршуми и автоматско огнено оружје

Кривична против 29-годишник од Свети Николе, кај него пронајдени 25 куршуми и автоматско огнено оружје

СВР Штип поднесе кривична пријава против 29-годишниот С.И. од Свети Николе, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– На 01.03.2023 во 19.15 часот полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, при извршен претрес во домот на пријавениот, пронашле и одзеле 25 куршуми, кал.7,65 мм и повеќе модели на автоматско огнено оружје, се наведува во соопштението на МВР.

Можете да прочитате

Уште една кривична пријава за екс градоначалникот на Струмица, Костадинов

Моторџија удрил во жена пешак во центарот на Скопје

СДСМ: Мицкоски има нови кадри за Судскиот совет- бандата на власт бара спас во контролирано судство