Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за жител на село Могорче за тешка кражба

Police Car Of Macedonia 07.jpg
Dik 300x250 mk

Одделението за внатрешни работи-Дебар поднесе кривична пријава против Ќ.М.(22) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Тешка кражба“ и „Оштетување туѓи предмети“.

– На 12 овој месец, искористил поволна прилика и од продажен објект лоциран на улицата „Амди Леши“ во Дебар, бесправно одзел паричник со документи и пари во разни валути во вкупна вредност од 258.300 денари, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Лицето набрзо било приведено од полициските службеници а во полициската станица насилно се однесувал, оштетувајќи го стакло од влезната врата.

Можете да прочитате

Мицкоски: Иднината на државата е во рамките на ЕУ

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова ја освои меѓународната филмска награда за човекови права на Нирнберг

Средба Мицкоски – Страмер: Разговарано за продлабочување на билатералната соработка