Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за сопственик на фирма, го оштетил буџетот за над 60.000 евра

Finansiska policija karpos 3293290.jpg

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Првопријавениот Т.Д., во својство на управител на второпријавеното правно лице, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правното лице, во периодот 2024–2025 година, постапувајќи спротивно на членовите 23 и 54 од Законот за управување со дополнителни текови на отпад, за увезениот текстил од страна на второпријавеното правно лице не пријавил и не платил надоместок за отпад кон Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, во вкупен износ од 3.852.067 денари.

Со цел да го прикрие непријавувањето и неплаќањето на законскиот надоместок, првопријавениот на 17.04.2026 година покренал постапка за ликвидација на второпријавеното правно лице пред Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Со наведените дејствија, пријавените го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија за вкупен износ од 3.852.067 денари.

Можете да прочитате

Генералниот секретар на ТХП, Џабир Доко: Претставеноста на турската заедница не смее да биде сведена на симболика

Тошковски: Водата во Гостивар е безбедна за техничка употреба, но не и за пиење

Средба на министерот Муцунски со шпанскиот државен секретар за ЕУ, Фернандо Мариано Сампедро Маркос