Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за шверцување

237 санкционирани возачи во Скопје: 79 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден, во 18.30 часот, на граничниот премин Деве Баир, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, странци, миграции и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ го лишиле од слобода З. В. (51) од Република Албанија, со бугарска патна исправа.

dobivaj vesti na viber

При контрола, извршена од полициските службеници со екипа од мобилната царина, во автобусот што го управувал З. В. биле пронајдени и одземени 67 пакувања разни видови стероиди во ампули за кои не поседувал никаква документација.

Тој бил задржан во полициска станица и во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава за шверцување по член 278 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати