Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за „предизвикување на општа опасност” против лице од Карбинци

Polici A.jpg

На 14.07.2024 во 01.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Г.П.(22) од с.Козјак, општина Карбинци, постапувајќи по претходна пријава дека на социјална мрежа биле објавени фотографии на кои едно лице, во урбана средина, држел пиштол во рацете.

По преземени оперативни мерки лицето било пронајдено и приведено, а по извршениот увид на местото кое го посочил биле пронајдени чаури. Во врска со настанот од М.Т.(27) од Штип бил одземен пиштол „Зораки”, кој по наредба на јавен обвинител бил даден на вештачење. Г.П. бил задржан во полициска станица и во координација со Основното јавно обвинителство Штип, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „предизвикување на општа опасност”.

Можете да прочитате

Кога законот молчи – како различните извори на средства стануваат една пензиска сметка?

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство – едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота