Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства

1706449191 unnamed file.jpg

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ф.(61),И.Ш.(55) и М.Х.(39), сите тројца  од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови” по член 55 од Законот за девизно работење.

Имено на 13.01.2024, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал извршиле претреси во три деловни простории во Скопје, при што ги затекнале пријавените при неовластено вршење купопродажба на странски пари односно работеле како менувачници без да имаат регистрирано правно лице во Централен регистар и без овластување издадена од Народна Банка на РСМ.

При претресите биле пронајдени машина за броење на пари,поголема сума на  пари во различни апоени и валути и други предмети.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени

Што „крие“ сефот на бизнисменот Марковски, осомничен за злоупотреби во РЕК „Битола“?

Лет од Венеција кружеше над Скопје повеќе од еден час поради опасен феномен