Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за лихварство против двајца кавадарчани

Whatsapp Image 2025 02 24 At 16.30.29.jpeg

Кривична за лихварство против двајца кавадарчани, поднесе неготинската полиција до Обвинителството, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес. 

– ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Според пријавеното, тие во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година на лице од Неготино му давале пари на заем со писмени и усни договори, а за себе договарале несразмерна имотна корист во вкупна вредност од 167.000 денари. за што оштетениот доставил и докази. Со наредба од Основен суд Кавадарци извршен е претрес во нивниот дом и помошни простории, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, а од Н.С. се одземени тефтери со забелешки, по што двајцата се лишени од слобода, соопштија од СВР Велес. 

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна