Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за дебранец за напад врз полициски службеници

20240925105223 Big 730x400 32.webp.webp

Одделението за внатрешни работи-Дебар поднесе кривична пријава против жител на градот поради напад врз полициски службеници.

– Кривична пријава е поднесена против М.Р.(51) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека Р.М. во неделата (22 септември) во просториите на ОВР Дебар бил агресивен кон полициските службеници при што се обидел со нож да ги нападне. Веднаш бил приведен и лишен од слобода.

Можете да прочитате

Приведен возач на автобус, управувал без возачка дозвола

ОJO со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Маж од гостиварско ја следел поранешната девојка и преку лажни профили и упатувал закани