Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против полициски службеник за „предизвикување општа опасност“

Pistol 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Б., на работно место „самостоен инспектор“ во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 став 3, а во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот, на 30.04.2025 околу 10:25 часот, додека бил на работа во службена просторија, лоцирана во кругот на Секторот за внатрешни работи Струмица, во присуство на повеќе полициски службеници, откако го примил и потпишал решението за отстранување од работното место, по издадена наредба од страна на началникот да го предаде службеното лично вооружување, од бирото го извадил службениот пиштол, извршил репетирање, при што испукал еден куршум во правец на вратата на металниот сеф кој се наоѓал во просторијата, со што предизвикал значителна опасност за животот и телото на присутните.


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност – суспензија, одземање на службеното оружје и муницијата и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен