Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против 18-годишник и малолетник, предизвикале пожар во објект во Скопската чаршија

Кривична пријава против 18-годишник и малолетник, предизвикале пожар во објект во Скопската чаршија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 18-годишниот Б. А. од село Студеничани, Скопско, и малолетник од село Моране, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност во врска со кривично дело предизвикување општа опасност, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„По преземените мерки и активности, било констатирано дека пријавените на 28.8.2023, околу 4 часот, на улицата Градиште во Старата чаршија во Скопје ,предизвикале пожар во угостителски објект. На 6.9.2023, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двајцата, при што кај малолетникот биле пронајдени предмети што потекнуваат од кривичното дело“, соопшти МВР.

Малолетникот бил лишен од слобода и ќе биде изведен пред судија, а за Б. А. се преземаат мерки за пронаоѓање.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче