Утрински Весник
Македонија

Кривична и притвор за насилници од Турција за напад врз доставувач во Скопје

Policija 1.webp.webp

На 25.05.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24.05.2026 околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале.

Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје против насилниците е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор.


Можете да прочитате

Мицкоски: Најпрво техничка вода, a потоа вода за пиење во Гостивар, одговорните ќе сносат последици

Мицкоски до Собранието го предложи Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Кривична за 62 годишник од струмичко поради силување на малолетничка