Утрински Весник
Македонија

Кривичен суд му одговори на министерот за правда: Анализирајте поради кои суштествени повреди предметите застаруваат

Кривичен суд му одговори на министерот за правда: Анализирајте поради кои суштествени повреди предметите застаруваат

Кривичен суд преку реакција на одлуката на Апелација, со која ја укина пресудата за предметот „Организатори за 27 април“ поради суштествени повреди на постапката, повика јавноста и министерот за правда Кренар Лога да анализираат зошто предметите застаруваат. Ова доаѓа откога министерот Лога посочи дека пропустите стануваат пракса за одредени судии.

dobivaj vesti na viber

„Во правец на изјавата на министерот за правда како суд ги повикуваме медиумите и стручната јавност да анализираат каде и поради кои суштествени повреди предметите со години чекаат правосилност и застаруваат, а граѓаните ја губат довербата во судството“, посочуваат од Кривичниот суд.

Претходно, преку соопштение од Министерство за правда за укинатата пресуда за организаторите на 27 април посочија: „Очигледно е дека намерните или ненамерните пропусти за суштествени повреди и натаму остануваат дозволива пракса за некои судии“.

„Неопходно е веднаш да се добие соодветен одговор зошто ова се дозволува во континуитет, односно зошто во првостепената пресуда не биле утврдени сите спорни околности, ниту битни факти поврзани со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, велат од таму.

Можете да прочитате

УЈП ја објави новата листа на должници: Вкупен долг од над 11 милијарди денари

Загина велосипедист на лице место – Бил удрен од товарно возило

Мини лето од понеделник: Есента носи свежи утра, топол ден