Утрински Весник
Македонија

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов

2e875f22 35b6 42fd 9ab2 6397ff19aed9.jpeg

Основниот кривичен суд Скопје му одреди мерка куќен притвор на осомничениот Ѓ.Р., по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Како дополнителна мерка, на осомничениот му е одземена патната исправа и му е забрането издавање нова.

Од судот информираат дека предлогот на обвинителството бил прифатен по произнесувањето на осомничениот и надлежниот јавен обвинител. Тој се сомничи за две кривични дела — „перење пари и други приноси“ по член 273 став 1 и „противправно стекнување и прикривање имот“ по член 359-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Бидејќи осомничениот е апелационен судија, судот претходно ја доставил документацијата до Судскиот совет, кој на итна седница донел одлука за одземање на судискиот имунитет. По оваа одлука, судот го прифатил предлогот на обвинителството и ја изрекол мерката куќен притвор.

Правни извори посочуваат дека судот не може да одреди построга мерка од онаа што ја предлага обвинителството, поради што тврдењата дека „судијата бил пуштен дома наместо во притвор“ не ја отсликуваат реалната процедурална состојба. Осомничениот, според информациите, сам се пријавил во судот, а не бил приведен од полиција.

Против решението странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Можете да прочитате

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Тошковски: Драстично е намален бројот на жртви во сообраќајки откако почна пробниот период на „Безбеден град” во Скопје

Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пат ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси