Утрински Весник
Магазин

Кристијано Роналдо со голем стил ја поминува празничната сезона

Кристијано Роналдо со голем стил ја поминува празничната сезона

По неколку тешки месеци, Кристијано Роналдо се чини дека е расположен бидејќи доби раскошен подарок од својата партнерка Георгина Родригез.

dobivaj vesti na viber

Георгина е со Роналдо веќе неколку години, и очигледно знае како да го расположи. Изгледа дека успеа во тоа.

Во видео на својот Инстаграм-профил таа откри што му купила на Роналдо за Божиќ, а изразот на неговото лице покажува дека е повеќе од задоволен од подарокот.

Вереницата на фудбалскиот ас реши да го израдува со луксузен автомобил од 500.000 долари.

„Ролс-ројсот“ со црвена панделка издејствува насмевка на неговото лице, барем на кратко, имајќи предвид дека имаше тешки денови последниве неколку месеци.

Во текот на првенството Роналдо се скара и со португалскиот тренер Фернандо Сантос бидејќи на некои натпревари не го пушташе да ги одигра сите 90 минути. Португалија потоа испадна од конкуренцијата во четврт-финалето со пораз од Мароко, а Роналдо во солзи го напушти теренот.

Фановите веќе знаат дека Роналдо е љубител на автомобили. Според медиумски извештаи, тој  е страстен колекционер на автомобили. Од Maserati GranCabrio до McLaren Senna, колекцијата на автомобили на Роналдо вклучува над 20 луксузни возила. Но, тој ќе мора да направи простор за уште еден суперавтомобил бидејќи Геооргина му подари сосема нов Rolls-Royce Dawn.

Иако Роналдо се забавува додека го поминува својот одмор со семејството, неговата кариера не е на среќно место. За голем дел од натпреварите на Светското првенство, Роналдо седеше на клупата за резерви. Неговата репрезентација, Португалија, испадна од турнирот во четврт-финалето. Згора на тоа, „Манчестер Јунајтед“ му ја покажа вратата откако јавно го наклевети тренерот.

Таблоидите потсетуваат дека, освен што не успеа да го освои Светското првенство и наместо тоа да гледа како неговиот најголем ривал Лионел Меси станува шампион, Роналдо остана и без клуб откако во интервју за Пирс Морган призна дека нема почит кон тренерот Ерик тен Хејг.

 

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста