Утрински Весник
Спорт

Кристијано Роналдо е најплатен фудбалер во светот

Ronaldo Razocaran 3 960x511 1.jpg

Фудбалерот на Ал Наср и на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер во светот во оваа календарска 2024 година.

Играчите во Саудиска Арабија заработуваат огромни суми на пари, па затоа добар дел од нив се при самиот врв, Топ 10 листата која ја објави „Форбс“.

Роналдо е на врвот со 219.5 милиони фунти или повеќе од дупло од второпласираниот Лионел Меси кој ќе инкасира 104 милиони фунти.

Потоа следат Нејмар (84,7), Бензема (80,1) и Мбапе кој е најплатен фудбалер во Европа (69,3).

Во првите десет уште се Халанд, Вини Жуниор, Мо Салах, Садио Мане и Кевин Де Бруне.

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС