Утрински Весник
Спорт

Кристијано Роналдо, дел од најслабиот тим по првата фаза од СП

Кристијано Роналдо, дел од најслабиот тим по првата фаза од СП

Големата португалска ѕвезда Кристијано Роналдо изненадувачки се најде во тимот на разочарувањата од првата фаза на Светското првенство во Катар, составен од популарната платформа за статистика и резултати во живо, Sofascore. Причината за ова е што аналитичарите на компанијата на 37-годишниот Португалец му дадоа просечна оценка од 6,37 по систем до десет поени за трите натпревари од групната фаза.

dobivaj vesti na viber

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ ги започна сите три меча на Португалците во Катар.

Во нив, сега веќе поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед постигна само еден гол откако погоди од пенал на првиот натпревар против Гана. Роналдо тврдеше дека е стрелец и на првиот гол против Уругвај, но ФИФА тој гол му го додели на Бруно Фернандеш.

Во оваа селекција се најдоа играчи кои играле 60% од времето на натпреварите од групната фаза на Светското првенство.

Можете да прочитате

Триумф на македонските кошаркари во Даблин против Република Ирска

Без победник на дербито во Премиер лигата

Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи