Утрински Весник
Магазин

Кијану Ривс по Нова Година доаѓа во Србија

Кијану Ривс по Нова Година доаѓа во Србија

Холивудскиот глумец Кијану Ривс доаѓа во посета на Србија. Во Белград ќе пристигне на почетокот на Новата година, а посетата ќе биде од хуманитарен карактер. Ќе се обиде да им помогне парично на оние на кои им е потребна најголема помош. Планирано е да дојде во Белград на почеоткот на наредната година, пренесе „Курир.рс“.

dobivaj vesti na viber

Ривс е косценарист и на стрипот BRZRKR на кој Србија, по Америка, е првата земја која ги има откупено правата, нешто што е големо изненадување за него, вели извор близок до него.

„Кијану слушна убави зборови од негов колега кој снимал во нашата земја. Освен тоа има неколку пријатели на Балканот, а и е голем фан на Новак Ѓоковиќ. Неговиот стрип бил еден од најбараните изданија на неодамна одржаниот белградски Саем на книги“, рече изворот.

„Посетата ќе трае неколку дена и тој сака да ги посети сите туристички атракции за кои има слушнато и прочитано. Тоа ќе биде приватна посета, но тој во договор со својот тим, еден ден ќе одвои за дружење и запознавање на фановите, кои ги има во огромен број“, додаде изворот.

Како што наведува, Ривс посетата ќе ја искористи и парично да им помогне на оние на кои им е потребна помош.

„Познато е дека Ривс најголем дел од парите ги дава во хуманитарни акции. Незгодно му е од тоа колку заработува. Им дава на сите, фановите, соработниците, болните за лечење. Донираше 70% од филмот „Матрикс“ за наоѓање лек за заболените од леукемија. Сигурно е дека и кај нас ќе остави многу пари на некоја организација или установа за која неговиот тим ќе процени дека е соодветна“, рече изворот.

Стрипот BRZRKR е најскапиот квиз во историјата на една позната платформа, а истовремено е и најпродаваниот стрип серијал во последните 25 години. Објавен е на почетокот на септември и за само три дена се продадени 650.000 примероци.

„Создавањето и учествувањето во пишувањето на стрипот беше многу возбудливо искуство, бидејќи обожавам стрипови уште од детството. Стриповите имаат значајно уметничко влијание низ целата моја кариера“, рече Ривс.

Можете да прочитате

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак